Тухел: Не сум лут, не постои криза во ПСЖ

Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел ги демантираше наводите околу конфликтот со првите ѕвезди на тимот, Нејмар и Килијан Мбапе. Мбапе се налути на тренерот на натпреварот со Монпелје поради тоа што беше заменет, додека германскиот стратег критички говореше околу одлуката на Нејмар во неделата да организира роденденска забава.

„Дали журката е најдобар начин за подготовка пред меч? Секако дека не е. Дали е тоа најлошата работа која можеа да ја направат? Не е. Да бидам јасен само одлучив да не присуствувам на прославата. Тоа беше моја одлука. Нема криза. Искрено, не сум лут. Јас сум тренер, а Килијан и Нејмар се големи фудбалери“, изјави Тухел. 

Пари Сен Жермен вечерва игра меч против Нант нагости во француската Лига 1.

Се вчитува...