Тухел: Одлуката да играме сред пандемија ја носат луѓе во одела, а нас никој не не прашува ништо

Челси им се врати на победите во Премиерлигата откако славеше на гостински терен против Астон Вила со 1-3. „Сините“ за овој меч можеа да сметаат на услугите на дел од стандардните играчи од почетниот состав, нешто што не беше праска во изминатиот период кога прво повреди, а потоа и коронавирусот направи сериозни проблеми кај актуелниот европски шампион.

По натпреварот предводникот на лондонскиот состав, Томас Тухел не го криеше незадовоството од одлуката на Премиерлигата да одложува одредени дуели, а други да се играат и покрај позитивни случаи.

„Промената на три од пет замени во текот на мечот беше воведено поради Ковид-19. Потоа е вратено на три, но ние сега се наоѓаме сред нов бран на пандемијата. Некои тимови одложуваат натпревари, а некои мораат да играат. Три измени во моментот не се доволни. Само ние играме во текот на целата зима, а распоредот е неверојатен. На кој начин мислиме да ги заштитиме играчите? Се паѓа на нивен грб и тоа фрустрира. Знам дека ништо нема да се промени по ова прашање, но ова дефинитивно не е вистинскиот начин. Одлуките ги носат луѓе во одела, а нас никој не не прашува како ни е“, изјави Тухел.

Се вчитува...