Тухел: Погрешив со Лукаку

Челзи изминатиот викенд е поразен од Вест Хем со 3:2. Беше тоа незгоден пораз за „сините“ од Лондон, а кој најмногу го искористија Ливерпул и Манчестер Сити кои победија и така го прескокнаа Челзи на табелата.

На натпреварот со Вест Хем, избраниците на Тухел имаа водство во првиот дел, а во вториот дел Тухел му дава шанса на Лукаку на местото на повредениот Хаверц, и тука натпреварот тргнува во надолна линија.

Прво Боуен донесе израмнување, а потоа Масиуаку во 87. минута се погрижи за целосен пресврт.

Тухел се извини на навивачите што го уфрлил Лукаку, иако, тој не бил подготвен за 45. минути.

„Јас сум виновен. Сметам дека не беше доволно физички подготвен за 45 минути, но одлучив да го ставам Лукаку затоа што го загубивме Хаверц. Детали одлучија да не направиме добар резултат. Тоа можеме веднаш да го поправиме. Никој не сака да греши“, рече Тухел.

Се вчитува...