Тухел сега ликува: Прашајте ги Матеус и Хаман зошто победивме во Дортмунд – сигруно знаат!

Баерн Минхен како ретко кога претходно со 0-4 среде Дортмунд вчера ја демолираше Борусија во дербито на германскиот шампионат.

Па, стратегот на Баерн, Томас Тухел ги дочека своите пет минути за одговор кон неговите постојани критичари меѓу кои најгласни секогаш се Лотар Матеус и Дитмар Хаман.

„Ме прашувате зошто победивме сега? И покрај дупките во тимот и немањето развој? Лотар сигурно знае. Ако не тој, тогаш дефинитивно Диди (Хаман). Може да ги прашате нив, сигурно знаат“ – одговори иронично Тухел на новинарско прашање, потоа веднаш дополнувајќи:

„Како и да е, среќен сум за мојот тим. Се беше одлично. Одигравме фантастично. Ние сме среќни, и знаевме дека не сме така лоши како што пред мечот пишуваше во медиумите. Ние имаме победа од 4-0 а вие новинарите може да се забавувате сега со разно-разни пишувања. Сега може да си ја работите вашата работа, но без мене“.

Се вчитува...