Тухел со нови проблеми: Канте и Силва се повредија

Менаџерот на Челси, Томас Тухел има нови кадровски проблеми. Тиаго Силва и Нголо Канте се здобија со повреди во победата против Астон Вила. Силва го напушти теренот веднаш штом почувствува болка во задната ложа.

Канте излезе по еден час игра поради болки во коленото. Тоа е истиот проблем поради кој веќе пропушти неколку натпревари оваа сезона.

„Повеќе сум загрижен за состојбата на Канте. Видов дека има големи болки. Што се однесува до Силва, верувам дека излезе на време и дека не направивме поголем проблем. Веројатно ниту еден од нив нема да може да игра во среда“, изјави Тухел.

Следниот дуел од новогодишна програма во Премиер-лигата Челси го игра во среда од 20.30 часот на домашен терен против Брајтон.

Се вчитува...