Тухел стравува за Челси поради Русија: Јас и моите фудбалери ќе бидеме цел на напади и заговори!

Веќе е познато дека Англија го протера газдата на Челси, Роман Абрамович затоа што бил соработник со рускиот претседател Владимир Путин, кој нареди инвазија на Русија.

Тренерот на Челси, Томас Тухел истакна дека оваа војна на никој нема да му донесе добро, а ќе настрада и Челси бидејќи ќе стане цел на напади на навивачите поради Абрамовиќ.

„Не треба да глумиме дека војната меѓу Русија и Украина не е проблем. Ситуацијата е лоша, никој не очекуваше вакво нешто. Челси ќе стане цел на напади и некакви заговори. Фудбалерите, тренерот и стручниот штаб немаат никаква врска со тоа што се случува во Русија. Ние не сме одговорни за такво нешто. Војната во Европа е нешто што никој досега не можеше да си го замисли. Се надеваме дека ова лудило ќе заврши за брзо“, изјави Германецот.

Се вчитува...