Тухел тргна со сите сили по Деклан Рајс, Арсенал ќе остане со празни раце

Деклан Рајс е главна желба на Арсенал за претстојниот преоден рок, но „топчиите“ би можеле да останат со празни раце откако Баерн Минхен максимално сериозно влезе во трката за англискиот репрезентативец.

Тухел на тој дел од теренот ги има германските репрезентативци Кимих и Горецка, но новиот тренер на Баерн не е импресиониран од овие опции за последен играч за врска, па е решен да го доведе Рајс по секоја цена. Деклан и неговиот татко пред две седмици дури и дошле заедно во Минхен при што имале состанок со Тухел и со клупското раководство, па и покрај заминувањето на Салихамиџиќ и на Кан новите челници се подготвени да ја исполнат желбата на новиот тренер.

Самиот Рајс бил импресиониран од она што го видел во Минхен и сега гледа на Баерн како на сериозна опција, пред се поради можноста да почне да освојува трофеи на клупски план, нешто што е невозможно со Вест Хем.

Лондонскиот клуб бара 100 милиони евра за својот најдобар фудбалер, но Баерн би можел да ја намали оваа сума испраќајќи го во спротивен правец Рајан Гравенберх, екс-фудбалерот на Ајакс кој не се снајде најдобро по летниот трансфер на „Алијанц Арена“.

Се вчитува...