Баерн Минхен се соочува со проблеми со играчкиот кадар оваа сезона. Моментално на Тухел му недотстасуваат Упамекано, Гнабри, Горецка и Гереро. Поради тоа тренерот на „Баварците“ побарал од раководството трансфери во зимскиот преоден рок.
Спортскиот директор на тимот, Ули Хенес му одговорил на Тухел дека ќе ги добие играчите кои ги сака, но тренерот бил информиран преку „Билд“ за оваа изјава на Хенес.
„Навистина тоа го кажал? Е, па тогаш скапо ќе го чини. Ќе почнеме со трансфери штом се отвори трансфер преодниот рок“, изјави Тухел.
Инаку, Баерн Минхен важи за тим кој ретко прави трансфери во зимскиот преоден рок. Се случува некогаш „Баварците“ да немаат ниту една измена во тимот во текот на целата сезона. Меѓутоа престојната зима се очекува неколју играчи да дојдат во најтрофејниот германски клуб, кој треба да ја продолжи „потерата“ по Баер Леверкузен, кој се чини ќе биде најголем ривал за Баерн за титулата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА