Тухел за останувањето на Кавани во ПСЖ: Има и полоши работи во животот…

Уругвајскиот интернационалец Единсон Кавани не доби дозвола од Пари Сен Жермен да го напушти „Паркот на принцовите“ и да се пресели во Атлетико Мадрид. Преговорите меѓу двата клуба пропаднаа иако напаѓачот ги договори личните услови за трансфер на „Ванда Метрпополитано“. Сепак, ќе мора да ги одработи и последните шест месеци од договорот со ПСЖ.

„Кавани? Има и полоши работи од тоа да остане во Пари Сен Жермен. Мислам дека ќе се опорави и дека ќе биде со нас и ќе ни помогне во продолжението од сезоната. Не би сакал премногу да говорам на таа тема, фокусирани сме на следните предизвици“, изјави Томас Тухел, тренерот на Пари Сен Жермен.

Преговорите меѓу Атлетико Мадрид и Пари Сен Жермен пропаднаа за разлика од 5 милиони евра. Шпанскиот клуб беше подготвен да плати 15 милиони евра отштета за напаѓачот кому договорот му истекува на крајот од сезоната, а „светците“ бараа 20 милиони евра.

Се вчитува...