Тука друже судија – Леброн Џејмс се врати по суспензијата и исфрли двајца навивачи (ВИДЕО)

Откако ја одбработи суспензијата за инцидентот на натпреварот против Детроит, Леброн Џејмс се врати на паркетот и тоа во стил предводејќи го својот тим до нова победа, овој пат над Индијана со 39 поени, 6 асистенции и 5 скока. „Кралот“ во статистиката додаде уште две блокади, една украдена топка и два исфрлени навивачи.

За разлика од натпреварот против Детроит, овој пат „Кралот“ не дозволи публиката да го испровоцира па во дополнителните пет минути го фати судијата за рака, го одвлечка до трибините и покажа кон „непослушните“ навивачи изрекувајќи „Точно еб**o тука“.

Се вчитува...