Тулуз го отпушти Дупраз

Францускиот прволигаш Тулуз му врачи отказ на Паскал Дупраз по две години соработка. Клубот пред два дена го доживеа 12. пораз во првенството оваа сезона и засега се наоѓа на 19. место кое не обезбедува опстанок во елитното друштво на Франција.

Тулуз во последните пет кола освои само еден бод, што беше доволна причина раководството да направи ваков потег и да започне потрага по нов предводник со кој ќе се потруди да го задржи статусот на прволигаш.

 

Се вчитува...