Тумбаковиќ одби да игра против Косово, па ќе седне на клупата на Србија?

Досегашниот селектор на фудбалската репрезентација на Црна Гора, Љубиша Тумбаковиќ, ќе биде нов селектор на селекцијата на Србија, најавува „Спорт клуб“. Тој доби отказ од функцијата во Црна Гора откако одби да ја води селекцијата против составот на Косово. По ова, челниците на српскиот фудбал сакаат да ангажираат на местото на Младен Крстајиќ.

Србија победи против Литванија со 4-1, но Крстајиќ доби многу замерки за убедливиот пораз (0-5) од Украина.

Се вчитува...