Тунис ја реши Ангола, сега ќе навива за Македонија

mec baner

Репрезентацијата на Тунис ја забележа својата прва победа на ракометниот мундијал, совладувајќи го аутсајдерот Ангола со убедливи. По овој триумф, сега на Тунижаните не им преостанува ништо друго освен да навиваат за Македонија, бидејќи нашите репрезентативци со победа на дуелот со Исланд би го оставиле Тунис во осминафиналето, каде африканскиот вицешампион би се сретнал со домаќинот Франција.

Тунис тргна фуриозно во натпреварот, па разликата ја направи уште во првото полувреме, во кое со фантастична игра во нападот поведе со 23-16. Ангола сепак се консолидираше во вторите 30 минути, во кои аутсајдерот одигра „егал“ со африканскиот ривал, за на крајот натпреварот да заврши со конечни .

Банур беше најефикасен кај Тунис со десет гола, пред Санаи со седум, додека најдобар стрелец на Ангола при петтиот пораз на овој мундијал беше Тека со 10 гола.

Се вчитува...