Тунис на два дена пред СП остана без првиот голман!

Селекцијата на Тунис, која ќе биде наш прв противник на мундијалот во Франција, се соочува со огромен проблем откако на два дена пред дуелот со Македонија остана без својот прв голман, Маруен Магаиз.

Искусниот чувар на мрежата, кој бранеше на дуелот со Македонија во Гдањск, се повреди за време на саботниот дуел со Црна Гора. Деталните лекарски прегледи донесоа огромен проблем за Тунижаните, станува збор за кинење на мускул поради што Магаиз ќе го очекува пауза од најмалку еден месец од ракометните терени.

По повлекувањето на 33-годишниот чувар на мрежата, африканските вицешампиони допатуваа во Франција со двајца голмани, Макрам Мисауи и Марва Соуси.

Дуелот меѓу Македонија и Тунис на програмата е в четврток со почеток во 17.45 часот.

Се вчитува...