Тунис прв во нашата група во „Президент купот“, втора радост за САД и Аргентина

Тунис ја потврди првата позиција во групата во која се наоѓа и Македонија откако славеше со 30-25 против Алжир. Тунижаните кои не влегоа добро во натпреварот сепак до крајот на првото полувреме успеаја негативата да ја претворат во предност од 15-12, а потоа да продолжат во претпознатливо темпо и во второто полувреме.

САД стигна до втората победа на Светското првенство 2023, прва во втората фаза од натпреварувањето откако славеше против Белгија со 24-22. Американците кои на полувремето имаа предност од 14-12 успеаја да одолеат на налетот на Белгиците во второто полувреме и во завршницата со серија од 3-0 да стигнат до посакувана победа.

На прва победа во втората фаза се радуваше и Аргентина која славеше против Катар со 22-26. Аргентинците беа подобриот противник уште од самиот старт на натпреварот, по 30. минути играа имаа предност од 9-12, а ја задржаа истата во текот на целото второ полувреме.

Се вчитува...