Тунижанката Жабер го освои турнирот во Мадрид

Туниската тенисерка Онс Жабер е освојувачка на ВТА мастерсот во Мадрид. Таа во финалето славеше над американската тенисерка Џесика Пегула со 2-1 по сетови 7-5, 0-6 и 6-2.

Првиот сет ни донесе голема битка, а во финишот беше посконцетрирана Тунижанката. Во вториот сет Американката заигра далеку подобро и не и дозволи ниту еден гем на противничката израмнувајќи на 1-1.

Сепак, очигледно Жабер ги чувала силите за последниот сет во кој повторно одигра маестрално, добивајќи го со 6-2 со што стигна до најголемата титула во кариерата. Ова за тенисерката од Тунис е втор ВТА трофеј.

 

Се вчитува...