„Тур д’Франс“ во 2020 година ќе стартува од Ница

Натпреваруачите на „Тур д’Франс“ во 2020 година ќе стартуваат од Ница, соопштија организаторите на најпознатата велосипедска трка во светот. Ница досега 36 пати била дел од „Тур д’Франс“, а стартот на трката во овој град беше и во 1981 година.

Со изборот на Ница на големото отворање на „Тур д’Франс“ во 2020 година, продолжува системот што го воспоставија организаторите во последните неколку години, трката наизменично да почнува во Франција и во странство.

Годинашното издание на „Тур д’Франс“ ќе почне на островот Ноармутие во Атлантскиот Океан, а во 2019 година стартот на трката ќе биде во Брисел.

Се вчитува...