Турам по поразот од Милан: Се што имавме, си кажавме в лице

Интер одигра разочарувачки на градското дерби со Милан и заслужено претрпе пораз, но „нероаѕурите“ немаат многу време за жалење бидејќи веќе утре ги очекува нов предизвик во Лигата на шампионите, и тоа гостување на жешкиот терен во Ротердам на тимот на Феенорд.

Маркус Турам е еден од најискусните во таборот на Интер, а францускиот голгетер во прсрет на новиот дуел говореше и за атмосферата во тимот по поразот на големото дерби.

„Сите бевме разочарани, знаеме дека можевме да одиграме многу подобро. Се што имавме, си кажавме в лице еден на друг. И тука завршува се, победуваме како тим, губиме како тим, така било отсекогаш. Сега се насочуваме на следните предизвици. Aтмосферата ќе биде жешка, Феенорд е тим што притиска, напаѓа од самиот почеток и јасно ни е што мораме да сториме за да стигнеме до позитивен резултат“, истакна Турам.

Интер по првите три кола во Лигата на Шампионите има само три бода и моментно се наоѓа на 21. место во конкуренција на 36 екипи во елитното европско натпреварување.

Се вчитува...