Турски судија се откажува од судењето поради грешка

Познатиот турски судија Халис Озкаја, се одлучи да ја заврши судиската кариера поради грешка која ја направи на мечот Газиантеп – Касимпаша. Озкаја на натпреварот од 12. коло во турската Супер лига одиграна во петокот, го продолжи натпреварот за девет минути, а потоа свиреше крај после четири минути игра.

Но, тоа не беше крај, туку 41-годишниот судија ја сфатил грешката па ги враќал играчите од соблекувална да го завршат натпреварот.

После оваа грешка, Озкаја добил жестоки критики, а потоа се решил да го напушти судењето. Тој од морални причини даде отказ до турската фудбалска Федерација.

Турската федерација не се огласи по одлуката на Озкаја, но ги пофали реакциите на клубовите кои учествувале во тој меч.

„На натпреварот Газиантеп – Касимпаша се случи голема грешка во текот на дополнување на времето. После мечот тренерите Хакун Култи и Ерол Булут покажаа разбирање за грешката. Се заблагодаруваме на клубовите за овој став, а ние се надеваме дека ваквото однесување ќе ја подобри вредноста на нашиот фудбал“.

Озкаја е со значката на ФИФА од 2009 година.

Се вчитува...