Турскиот бизнисмен: Имав договор со Абрамович, но Британците не сакаат Турчин да биде на чело на Челси

Турскиот бизнисмен Мухсин Бајрак, рече дека имал договор со Роман Абрамович да го купи Челси, но дека одлуката на британската влада да го замрзне клубот, ги променила сите работи.

„Разговаравме 15 дена и имавме договор. Требаше да платиме 1 милијарда фунти, да го превземеме клубот, а остатокот да биде спонзорство. Требаше да биде готово се до 14. март, а тогаш стигна забраната. Мислам дека Британија не е подготвена турска компанија да го има англискиот клуб. Можеше да се почела со блокадата на средствата на Абрамович додека работата не се заврши. Сите треба да знаат дека Турција е сериозна земја со сериозни бизнисмени, а доколку работата пропаднала затоа што сум Турчин, тогаш не жалам“, изјави Бајрак.

Тој рече дека вредноста на клубот драстично паднала, но и дека натаму е заинтересиран да го купи клубот.

Абрамович истакна дека целиот приход од продажбата на клубот ќе биде уплатен во фондација за жртви од војната во Украина.

Се вчитува...