Турскиот гигант тргнува по Еден Азар

Реал Мадрид има голема шанса на лето да се „ослободи“ од скапото засилување Еден Азар. Неговата кариера на „Сантијаго Бернабе“ не одеше онака како што се очекуваше. Азар едвај игра натпревари во дресот на Реал, а беше платен многу скапо од најтрофејниот европски клуб.

Доколку сака, Реал Мадрид може да го продаде на лето. Турските медиуми пишуваат дека Фенербахче е многу „опседнат“ со доведување на Азар. Проблем може да биде само отштетата која што евентуално би ја побарале „кралевите“, со оглед дека за него во 2019 година потрошија 115 милиони евра.

Исто така проблематично е тоа што Белгиецот засега нема намера да го напушти тимот на Реал. И ова не е изненадување ако се има во предвид дека е еден од најплатените во таборот на актуелниот европски првак.

Се вчитува...