Турција е замена за Сингапур во Формула 1 календарот

Големата награда на Турција ќе биде дел од годинашниот шампионат во Формула 1 како замена за Големата награда на Сингапур. Трката на „Истанбул парк“ ќе се вози на 3. октомври.

Во Истанбул првпат се возеше во 2005 година кога Кими Раиконен стигна до победата, за во следните три сезони на тирумфот да се радува Фелипе Маса. Покрај овие двајца на победа во Истанбул се радуваа и Џенсон Батон, Луис Хамилтон и Себастијан Фетел.

Минатата година триумфираше Луис Хамилтон со која победа ја осигура и титула во шампионатот. Од 2011 до 2020 година не се одржуваше трката за големата награда на Турција.

Се вчитува...