Турција ги губи натпреварувањата – по Лигата на Шампионите остана и без трката во Ф1

Рестрикциите предизвикани од пандемијата на коронавирус во Турција по финалето од Лигата на Шампионите ќе ја остават оваа држава и без брзинското натпреварување откако денеска Формула 1 соопшто дека се одложува ГН на Турција.

Како потсетување оваа трка беше вметната во распоредот на местото на ГН на Канада, но сега е изнајдено ново решение со тоа што ГН на Австрија ќе се вози два пати.

„Се радувавме за тоа што ја вметнавме трката за ГН на Турција, но поради рестрикциите за патување, не бевме во можност да ја одржиме истата во јуни. Брзо најдовме решение, ќе се одржат две трки во Австрија“, рече првиот човек на Ф1, Стефано Доменикали.

Се вчитува...