Турција останува во игра за пласман на кошаркарскиот Евробаскет во 2022 година откако во неизвесен натпревар славеше над Шведска со 88-80. Турците во текот на целиот натпревар го контролираа резултатот и стигнаа до триумф кој се уште не е доволен за пласман на ЕВРО баскет бидејќи во последното коло ќе мора да слават над Хрватска и да се надеваат дека Холандија ќе биде подобра од Шведска.
Шенгун со 24 поени беше прво име во победничкиот табор, додека кај поразените се истакна Јонас Јеребко со 21 поен.
Во меч кој немаше никакво резултатско значење бидејќи и двете екипи обезбедија пласман на Европското првенство Украина ја совлада Словенија со 70-65.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА