Македонија со триумф попладнево во Ван широко ќе си ги отвори вратите кон нов настап на Европското првенство, но турските ракометари делуваат решено да сторат се за да ги расипат сметките на нашите репрезентативци.
Оваа селекција никогаш досега нема настап на ЕП, но Турците се оптимисти дека можат да стигнат до доволен број на бодови за дури и со трето место во групата да стигнат до дебитантско учество на големите ракометни натпреварувања. За тоа да се случи, неопходна ќе им биде победа денеска над Македонија, поради што тие на вчерашната прес-конференција побараа поддршка од фановите.
„За нас ова е еден од најважните натпревари во ракометната репрезентација. Ако ја победиме Македонија, шансите за настап на ЕП само со овој резултат би ни се искачиле на 60%. Мотивирани сме да стигнеме до победата, знам дека луѓето во Ван ќе дојдат во салата за да ни дадат поддршка бидејќи дуелот со Македонија е од огромно значење за нас“, прокоментира селекторот Окан Халај.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА