У-15: Висок пораз на Македонија на гостувањето во Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 15 години беше убедливо поразена од Словачка со 4:1 на контролниот натпревар одигран помеѓу овие две селекции во Сенец.

Словачка беше подобар притивник во текот на сите 90. минути,сосесма заслужено издвојува убедлива победа. Првиот гол, домаќинот го постигна во 16. минута. Македонија успеа брзо да одговори на водството на Словачка и преку Каменчо Андоновски три минути покасно го израмни резултатот на 1:1

Во периодот од 23 до 27 минута, Словачка постигна два гола за убедлива предност од 3:1.

На самиот старт од продолжението, во 46. минута, нашите млади фудбалери не ја искористија најдобрата можност преку Стефан Младеновски. Фудбалерот на Македонија, се најде во одлична ситуација, сам пред противничкиот голман, но не успеа да погоди. Во 68. минути Словачка постигнува нов гол за предност од 4:1. Стефан Младеновски уште еднаш се закани по голот на Словачка, овој пат од слободен удар.

Македонија: Давид Илоски, Горазд Ристовски, Лука Атанасовски, Милош Спасовски, Хисар Али, Марко Киш, Стефан Младеновски, Александар Грашевски, Беркај Шаини, Златко Радевски, Каменчо Андоновски.

Се вчитува...