У-16: Пораз од Ирска со многу пресврти на интернационалниот турнир „Миљан Миљаниќ“

Младата репрезентација на Македонија до 16 години беше поразена од Република Ирска со 3-2 во еден интересен натпревар со многу пресврти и отворена игра во рамките на меѓународниот турнир „Миљан Миљаниќ“ во Стара Пазова, Србија.

Во првото полувреме видовме по еден постигнат гол во двете мрежи. Противникот во 23. минута од мечот го отвори резултат. Димитриевски постигна гол за израмнување на резултатот. Пропуштивме уште неколку добри прилики за да постигнеме нов гол.

Во продолжението од средбата Македонија прави пресврт и поведува со 2-1. Стрелец е Алији во 65. минута. Во 80. минута пенал за Република Ирска и израмнување на резултатот. Во 89. минута, гол на Република Ирска за нов пресврт и победа со 3-2.

Македонија настапи во следниот состав: Спаско Ахтаров, Андреј Велков, Анес Мелиќи, Даниел Коцев, Максимилиан Димитриевски, Никола Манојлов, Фљакрон Мемиши, Никола Стојковски, Мартин Јовановиќ, Нуман Ајетовиќ, Стефан Младеновски.

Се вчитува...