У-17: Кадетите во клучен меч против Израел за пласман во елитните квалификации за ЕП

По оној несреќен пораз од Шпанија, младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години денеска од 15:15 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје ја очекува дуелот против Израел во 2. коло од квалификацискиот турнир.

Без сомнение, за избраниците на Марио Вујовиќ, ова е клучниот натпревар за остварување на амбициите за пласман на пролет во елитната фаза од квалификациите за ЕП. На Македонија и е неопходна победа, како потоа на крајот со триумф против Фарските острови би го осигурале најмалку второто место во квалификациската група кое не води во елитните квалификации.

Израел во првото коло славеше убедлива победа од 6-0 против Фарските острови. Во вториот меч од групата, претходно од 11 часот, исто така на тренинг центарот на ФФМ, Шпанија игра со Фарските острови.

Се вчитува...