У-17: Македонија во група со Шпанија во квалификациите 2018/2019

Во очекување на ждрепката за елитната рунда квалификации за ЕП 2018 која е закажана од 11:45 часот во Нион, младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години ги доби противниците за следниот квалификациски циклус 2018/2019.

Во првата фаза од квалификациите (2018/19) во октомври следната година Македонија ќе игра во Групата 4 заедно со една од најдобрите светски селекции Шпанија, плус Израел и Фарските острови. Дополнително ќе биде одредено кој ќе биде домаќин на групата.

Најдобрите две репрезентации од секоја група (вкупно 13) плус четирите најдобри третопласирани селекции ќе играат пролетта 2019 година во елитните квалификации за пласман на ЕП.

Ждрепката, пак, за елитните квалификации оваа генерација до 17 години денеска од 11:45 часот ќе ја очекува од четвртиот шешир. Како што е познато, Македонија првата фаза од квалификациите ја мина како најдобро третопласирана селекција во групата со Словачка, Бих и Молдавија.

У17 – КВАЛИФИКАЦИСКИ ГРУПИ (2018/2019) ЗА ЕЛИТНА РУНДА…

zdrepka za 2018-2019

Се вчитува...