У-17: Пораз и од Луксембург, Македонија „закована“ на дното без бодови

Младата репрезентација на Македонија до 17 години, загуби и во третиот квалификациски натпревар од Луксембург, со што остана без никакви шанси да се бори за бараж и за пласман во следната фаза.

Македонските фудбалери загуија попладнево од Луксембург со гол во 92. минута, и така останаа „заковани“ на дното на табелата без бодови. Иако добро го стартуваа натпреварот со водство, сепак, Луксембург направи пресврт, потоа Македонија се врати, но гостите успеаја во финишот да дојдат до трите бода, што ги носи на третата позиција и можност да се борат за пласман понатаму (зависи и од другите третопласирани).

Елмас ја доведе Македонија во водство уште во 4. минута. Но, брз пресврт направи Луксембург, за само четири минути со головите на Бенслаиман и Федершпил. Во 79. минута Младеновски носи израмнување, но Федершпил во 92. минута донесе водство и победа на гостинот. На крајот двете селекции остана со играч помалку.

Претходно Македонија претрпе порази од Исланд и од Франција, две селекции кои се пласираа во следната фаза. Турнирот се играше на терените на ФФМ, а мечот меѓу Исланд и Франција се одигра на стадионот во Ѓорче Петров.

Се вчитува...