У-17: Пораз од Финска за крај на турнирот во Летонија

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години загуби со 3-1 од Финска во последниот натпревар од Интернационалниот Куп на федерации кој се играше во Јеглава, Летонија.

По поразот од Русија (0-1) и победата над Летонија (2-0), овој пат избраниците на Марио Вујовиќ загубија од Финска која и го освои првото место на турнирот.

Се вчитува...