У-17: Реми со Турција Б за крај на „Мерцедес бенц купот“

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години ремизираше (1-1) со селекцијата на Турција Б во последното трето коло од Групата Б на „Мерцедес бенц купот“ кој се игра во Турција.

Турците повеле во првото полувреме, а стрелец за Македонија беше Бехар Фета во 52. минута од натпреварот.

Македонија, како што е познато, претходно загуби во првите два натпревари од Русија (0-4) и од Шпанија (0-2), освојувајќи ги на крајот последното место во Групата Б.

Во вториот натпревар од нашата група Шпанија ја победи Русија со 3-2, со што го освои првото место. Па, во финалето на турнирот ќе играат Шпанија и најсилната селекција на Турција, а во битката за третото место Англија и Русија.

Се вчитува...