У-17: Убедлива победа против Фарските острови за крај на квалификациите за ЕП

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 17 години го заврши на третото место во групата претквалификацискиот турнир за пласман на ЕП кој се играше изминативе денови на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Македонија во последното трето коло славеше убедлива победа од 4-0 (2-0) против Фарските острови. Стрелци за Македонија беа Азер Омерагиќ во 10. и во 36. минута, Иван Николов во 79. минута и Бехар Фета во 92. минута од натпреварот.

Првото место во групата го освои Шпанија која денеска во последното коло победи со 3-0 против Израел. Шпанците завршија со максимални 9 бода, пред Израел со 6 бода, Македонија со три и Фарските острови без бод. Шпанија и Израел обезбедија место во елитните квалификации за ЕП кои треба да се одржат во март следната година.

Се вчитува...