У-19: Македонија ремизираше (1-1) против Хрватска

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години со реми (1-1) против Хрватска ги стартуваше натпреварите на претквалификацискиот турнир во Кромериц, Чешка. Во групата се уште и селекциите на домаќинот и на Луксембург.

Интернационалецот кој настапува во Германија, Дарко Чурлинов, ја доведе Македонија во водство во 11.минута. На почетокот на вториот дел, Хрватите израмнија преку Бошко Шутало. Во завршницата, селекцијата на Горан Станковски имаше убава шанса за нова предност, но не реализираше Марко Ѓорѓиевски.

Чешка и Луксембург ќе ги одмерат силите во 17 часот. Место во елитната фаза од квалификации за ЕП обезбедуваат двете најдобри репрезентации од групата.

Се вчитува...