У-19: Мора победа со Луксембург, па чекаме триумф и на Чешка

Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години денеска од 17 часот во Кромериц, Чешка, го игра последниот натпревар од претквалификациската група за пласман на ЕП.

Противник на избраниците на Горан Станковски е селекцијата на Луксембург против која неизбежно мора триумф доколку сакаме останување на надежите за едно од првите две места во групата и пласман во елитната фаза од квалификациите на УЕФА.

Но, покрај триумфот на нашите надежи неизбежно погледите ќе бидат насочени и кон вториот натпревар од групата, кој се игра во истиот термин, а на кој Чешка мора да слави против Хрватска.

Во претходните два натпревари Македонија ремизираше (1-1) со Хрватска и загуби од домаќинот Чепка (1-2).

Се вчитува...