У-19: Немоќни пред „Гордиот Албион“ – Пораз од 6-2!

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години загуби убедливо со 6-2 на гостувањето против Англија во пријателски натпревар како финална подготовка за квалификациите за ЕП.

„Гордиот Албион“ се покажа премоќен за составот на Горан Станковски кој успеа да запише два погодоци на дуелот. Стрелци за Македонија беа Марко Георгиевски и Дарко Чурлинов.

Претходно, како што е познато, Македонија загуби со 4-3 на гостувањето и против соодветната селекција на Полска.

Македонија од 14. до 20. ноември ја очекува квалификацискиот турнир во Брно, Чешка, каде сме во група со домаќинот, Хрватска и со Луксембург.

Се вчитува...