У-19: Пораз и од Франција во квалификациите за ЕП

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години загуби и од Франција на вториот натпреар од квалификациската група за пласман на ЕП.

Во групата која се игра во Тирана, откако на првиот меч младите надежи загубија од Србија со 1-2, денеска поразени и од Французите со 2-0. Стрелци за Франција беа Аблајн во 14. минута и Вирџиниус во 25. минута од средбата.

За македонската селекција останува уште последниот натпревар во квалификациите проти домаќинот Албанија на 15. ноември.

Се вчитува...