У-19: Со Англија, БиХ и Луксембург во претквалификациската група за ЕП

И Македонската репрезентација за фудбалери до 19 години на денешната ждрепка ги доби своите противници во претквалификациите за пласман на ЕП за сезоната 2019/2020.

Македонија се најде во групата 11 заедно со репрезентациите на Англија, БиХ и Луксембург. Претквалификациската група ќе се игра во октомври следната година, а домаќинот ќе биде дополнително одреден.

Првопласираните две селекции од секоја од 13-те групи, заедно и со најдобрата третопласирана репрезентација, ќе обезбедат место за елитната група квалификации закажани за март 2020 година.

Се вчитува...