У-19: Станиќ ќе тестира против младинците на Македонија ЃП

Македонската репрезентација до 19 години утре од 14:30 часот против младинците на Македонија Ѓорче Петров ќе одигра контролен натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Селекторот на македонската репрезентација, Горан Станиќ овој натпревар ќе го искористи за проверка на потенцијалот на фудбалерите кои настапуваат во домашниот шампионат, а на дводневниот собир повикани се и двајца фудбалери (Онур Омеровски и Никола Ангелески) кои имаат македонско потекло, а настапуваат во Словенија и Србија.

Селекцијата до 19 години на 24. и 26. март ќе одигра и два пријателски натпревари против репрезентацијата на Албанија.

Се вчитува...