У16: Кадетите немаа сили за изненадување

Кадетската репрезентација на Македонија немаше сили за изненадување во вечерашната пресметка со Словенија, претрпувајќи пораз од 80-87 во мечот за пласман од 9. до 12. место. Во ситуација кога опстанокот во елитата е обезбеден, нашите кошаркари одиграа солиден меч, но не можеа да го земат скалпот на фаворитот.

Словенците заслужено стигнаа до триумфот ако се знае дека го контролираа резултатот цел меч, а во голем дел од натпреварот имаа и двоцифрена предност. Македонија опасно се закани на крајот од третата четвртина, намалувајќи на 55-60, но тоа беше се што избраниците на селекторот Дервишевиќ успеаја да сторат. Селекцијата на Словенија на самиот старт од последната четвртина си ја вратија двоцифрената предност и рутински го исконтролираа резултатот се до самиот крај.

Мемед беше најефикасен во македонскиот состав со 25 поени, Митревски го заврши мечот со 20 поени, а Наков реализираше 13 поени.

Ривал на Македонија во дуелот за 11. место ќе биде селекцијата на Израел, против која „црвено-жолтите“ одиграа трилер-натпревар во првата фаза, губејќи по дури три продолженија.

Се вчитува...