У19: Македонија со победа над Сан Марино ги заврши квалификациите за ЕП

Македонската репрезентација до 19 години, ги освои првите и единствени три бода во третиот меч од квалификациите за пласман на ЕП, кои се играа во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

После поразите од Србија и од Норвешка, Македонија денеска ја совлада селекцијата на Сан Марино со 0-2.

Трајков во 36. минута донесе водство, за во четвртата минута од судиското надополнување Назифи да го постави конечниот резултат.

Во групата Србија ги освои сите девет бода, додека Норвешка заврши како второпласирана со шест. МАкедонија со три на третото место, додека Сан Марино заврши без бодови и без даден гол на последното место.

Се вчитува...