У19: Среќата им го сврте грбот на младите фудбалери

Македонската репрезентација за играчи до 19 години беше на работ на фантастичен успех со пласман во главната фаза од квалификациите за ЕП, но и покрај денешната победа над Луксембург нашите млади играчи не стигнаа до посакуваното второ место откако во вториот меч од групата Чешка и Хрватска ремизираа 2-2.

Нашите млади фудбалери го завршија својот дел од задачата со победата од 2-0 над Луксембург, прв триумф на „црвено-жолтите“ во овие преткваликации. Талески го отвори резултатот во 19. минута, а во 72. минута прецизно стрелаше и Фазлагиќ, резултат што гарантираше скок на втората позиција со оглед на фактот дека на вториот меч Чешка до пред самиот крај имаше предност од 2-1 против Хрватска.

Сепак, иницијативата на „коцкестите“ вроди со плод во 89. минута, кога Палаверса ја затресе мрежата на домаќинот на овој турнир, за реми од 2-2 и пласман на Хрватите на второто место на табелата.

Се вчитува...