Вардар продолжува со жетвата на трофеи во младинските категории откако кошаркарските надежи на „црвено-црните“ се закитија со титулата во У20 шампионатот.
Во финалето од плејофот „вардарци“ за противник го имаа Работнички, но избраниците на Дарко Радуловиќ ја добија оваа серија со максимални 3-0. Мора да се истакне дека трите средби беа максимално израмнети, а во денешниот трет дуел„црвено-црните“ попладнево славеа во салата „Градски парк“ со 63-65, за нов трофеј во витрините на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА