У21: Бледо прво полувреме без голови против Ф. Острови

Фудбалската репрезентација на Македонија има реми без голови 0-0 на полувреме против Фарски Острови во натпревар од 8. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во Романија и Грузија кое се игра во 2023 година.

Во 21. минута првата голема шанса ја имаа гостите. Левото крило на Фарски Острови, Блесинг одлично биеше, а гредата беше сојузник на нашиот голман Денковски, па резултатот на семафорот остана почетниот 0-0.

Македонија добра шанса имаше во 31. минута кога Рустемовски биеше непрецизно. Воша проба преку соло продор по десната страна во 44. минута, но и тој биеше покрај голот на голманот на гостите.

Се вчитува...