Уапсен таткото на славен тенисер – сексуално злоставувал деца на тренинг

Таткото на поранешниот австралиски тенисер, Марк Филипусис, уапсен е под сомнение дека сексуално злоставувал деца на тренинзите.

Николаос Филипусис, 68-годишен тениски тренер, се наоѓа во затвор во Сан Диего. Се очекува тој наскоро да биде и официјално обвинет, а до судењето ќе може да излезе од затвор со кауција од 2,5 милиони долари. Филипусис е упасен под сомнение дека имал сексуален однос или на тоа наговарал деца, едно помладо од 10 години, а друго дете помладо од 14 години.

Неговиот син, Марк Филипусис, своевремено беше осми играч во светот, а во 2003 година играше финале на Вимблдон против Роџер Федерер. Тој ја заврши тениската кариера во 2015 година на 38-годишна возраст.

Нема ниеден доказ кој би не уверил дека мојот татко има било каква врска со ова“ – изјави Марк Филипусис по апсењето на неговиот татко.

Се вчитува...