Огромен инцидент се случи вчера во кумановско Слупчане, кога во рамките од натпреварот од Третата лига Север помеѓу Беса и Аеродром, голманот на ФК Аеродром беше нападнат, и потоа пренесен во болница во Скопје со тешки телесни повреди.
Поради овој инцидент, полицијата ги лиши од слобода двајцата фудбалери на ФК Беса од Слупчане О.Д. (32) и Е.А. (18), кои се осомничени дека нападнале играчи на гостинскиот клуб.
„На 26.10.2025 во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково, затоа што на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје. СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.“, соопштија од МВР.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

