Уапсени се 12 лица по инцидентот на турското дерби Трабзонспор и Фенербахче

Инцидентот од невидени размери кој се случи на вчерашниот натпревар помеѓу Трабзон и Фенербахче во турското првенство денеска доби разврска со дванаесет уапсени личности, информираше Министерството за внатрешни работа на Турција.

Покрај навивачите кои се уапсени на терен, уапсени се и пет личности кои повикувале на насилство на социјалните мрежи.

„Уапсени се 12 личности кои се идентификувани како вмешани во инцидентот кој се случи по натпреварот помеѓу Трабзонспор – Фенербахче“, стои во дел од соопштението на министерот Али Јерликај.

Претходно, нцидентот го осуди и претседателлот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино кој ваквото однесување го оцени како апсолутно неприфатливо и на теренот и надвор од него.

Се вчитува...