Уапсени тројца од напаѓачите на ватерполистите на Ц. Звезда во Сплит… (ВИДЕО)

Хрватската полиција утрово информираше дека се приведени тројца од напаѓачите на ватерполистите на Црвена Звезда во Сплит. Според информациите се трага по уште двајца хулигани кои со палки ги нападнале спортистите на кејот на Јадранското море.

Двајца од ватерполистите од нападот се здобиле со полесни повреди на главата и вратат, а еден од нив обидувајќи се да се спаси скокнал и во морето…

„Морав да барам спас во морето, во спротивно сигурен сум дека ќе ме убиеја“ – изјави еден од ватерполистите кој доби помош и од минувачи да излезе од морето.

Од хрватската полиција, преку официјално соопштение, информираа дека идентификувани се и другите двајца напаѓачи кои се очекува да бидат уапсени во текот на денот.

Претходно и претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ го осуди нападот на ватерполистите заблагодарувајќи се на сите оние минувачи кои им помогнале на српските спортисти.

Се вчитува...