Убав гол на Алиоски, но недоволен да го спаси Лидс од пораз… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски го запиша петтиот гол сезонава во дресот на Лидс, но не успеа да го спаси својот тим од пораз на гостувањето против Стоук во 28. коло од Чемпиншиплигата.

Лидс загуби со 2-1, а Алиоски со убав погодок со шут од околу 15 метри успеа единствено во 95. минута барем малку да го ублажи поразот на својот тим…

 

Лидс и натаму е на чело на табелата во Чемпионшиплигата.

Се вчитува...