Убава приказна испишана и во Љубљана (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Љубљана,

Никола Ѓуровски

Заслужено реми, но и впечаток дека можевме да искористиме повеќе од гостувањето во Љубљана. Сепак, убава приказна испишаа фудбалерите и на дуелот против Словенија. Потврдија дека имаат квалитет, умеат да се вратат резултатски и кога имаат негатива, па и да жалат затоа што испуштиле победа. Тоа ние во фудбалот, да не се лажеме, како самодоверба никогаш не сме го имале.

Овие две одлични изданија на Македонија конечно треба да бидат и покана за навивачите да ги исполнат трибините на арената „Филип Втори“ на наредните два квалификациски натпревари во јуни, против Австрија и против Полска.

 

Се вчитува...